еМагазин
Image default
Македонија

Арнаудов и Василевски не сакаат да кажат дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски

Пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски на излегување од Кривичен суд, на паузата од денешното судење за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, на новинарско прашање дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Никола Груевски во Собранието, рекоа дека не се запознаени, дека се на суд и не може да знаат што се случува во Собранието.

Арнаудов посочи дека и него му го зеле мандатот, па никој не рекол ништо, а спорно е и тоа што пратеникот Павле Богоевски што ја води собраниската Комисијата за именувања каде се разгледува одземањето имунитет, е инволвиран како сведок во овој судски процес.

– Треба да одиме во Собрание, па таму да кажеме што се случува. И мене ми го одзедоа мандатот и никој ништо не ме праша. Човекот кој  ја води седницата директно е инвовлиран во овој процес и е претседател на комисија. Сметаме дека Павле Богоевски е засегнат, бидејќи беше сведок на судењето, а претседаваше со таа комисија. Нема логика. Да го докажеме дека не е така тоа што сакаат да ни го наметнат, па потоа ќе разговараме за другите работи – потенцира Арнаудов.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Груевски еден од „понеработливите“ пратеници

Поднесено барање за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски: Екс-премиерот се поблиску до Идризово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шолц од Скопје: Пристапните преговори со Македонија треба да почнат и јас ќе се заложам за тоа

Редакција

Купував куфери, бидејќи авиокомпанијата ми го изгуби багажот, вели поранешната министерка Костадиновска Стојчевска

Редакција

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

Редакција