еМагазин
Image default
Спорт

Ателтска ноќна трка в недела во чест на ослободувањето на Скопје

Утре, на Триумфалната капија во Скопје во 17 часот ќе биде означен стартот на една од најстарите атлетски манифестации на пат, Атлетската ноќна улична трка во чест на денот на ослободувањето на Скопје.

Трката е во организација на Атлетската федерација на Македонија (АФМ), а е под покровителство на Градот Скопје и континуираната соработка со Агенцијата за спорт и млади.

„Трката е меѓународна и ќе биде во две должини, на 4км и 10км. Во рамките на оваа атлетска трка, Атлетската федерација согласно Календарот за натпревари ќе го организира и Националното првенство на 10км на пат за 2022 година,” истакна Александра Војнеска Зикова, претседател на АФМ.

Предвидени се парични и стокови награди за победниците, а сите пријавени регистрирани натпреварувачи од НП на 10км влегуваат и во рангирањето во генерален пласман во склоп на Отворената Атлетска ноќна улична трка Скопје 2022.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бавна трка со мотори „Не е сѐ во брзината!“ ќе се одржи по шести пат

Редакција

РФМ ќе субвенционира 40% од износот на билетите за натпреварите на националниот тим во Скопје на 5,7 и 9 ноември

Редакција

Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на „Макпетрол“

Редакција