еМагазин
Image default
Бизнис

„Атлас плус“ стана генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар

Денеска, во Скопје, рускиот авиопревозник „Нордвинд“ потпиша договор за соработка со ТА „Атлас плус“, членка на Македонско-руска стопанска комора, со што македонската туристичка агенција „Атлас плус“, станува генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар, информираат од таму.

На настанот за официјализирање на договорот и презентација на услугите на „Норвинд“, покрај претставници на обете страни, присуствуваа и претставници од амбасадата на Руската федерација во РСМ, меѓу кои и трговскиот советник Владимир Хрисанфов и конзулот на Руска федерација во РСМ, Хизраев Шамил.

Настанот со своето присуство и обраќање го збогати и директорот на АППТРСМ, Љупчо Јаневски.

Чинот на потпишување на договорот, како и презентацијата се одвиваа пред одбрана публика и во присуство на претставниците на „Македонски дом“, Ина и Николај Жарови, претставникот на „Руски мир“  ‒  Артем Румјанцев, како и пред бројни претставници од туристички агенции и од деловниот сектор во РС Македонија.

Договорот беше потпишан од страна на Олга Флигина – директор за продажба на Нордвинд, како и Глеб Богданов – менаџер за односи со агенции на Нордвинд и Ирина Бешлиева – генерален директор на „Атлас плус“.

По потпишување на договорот, пред одбраната публика, авиокомпанијата „Нордвинд“ ги презентираше своите можности и понудата на услуги. „Нордвинд“ ја воспостави директната линија Скопје-Москва на 4 јуни (оваа година), со по два лета неделно – во понеделник и петок, со што по 20-годишна пауза, повторо се воспостави воздушната врска помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, информираат од таму.

Од авиокомпанијата „Нордвинд“ изјавија дека се задоволни што доаѓаат во уште една балканска земја и се надеваат на нови патници. За време на презентацијата тие ги најавија и своите летови за период ноември 2021 ‒ март 2022, како доказ за посветеноста и инвестицијата во овој пазар.

Воспоставувањето директна воздушна врска на релација Скопје – Москва, од страна на авуиокомпанијата „Нордвинд“ наложи потреба од избор на агенција – генерален агент за продажба. Со денешното официјализирање на потпишаниот договор, целокупната понуда на  „Нордвинд“ ќе е отсега и официјално достапна преку реномираната туристичката агенција „Атлас плус“.

„Посебно е задоволството и честа, што нашата агенција е избрана од „Нордвинд“, ова е потврда на нашата професионалност и 20-годишна работа во оваа област, но ова е воедно и голема обврска и предизвик.

Среќни сме што може да дадеме свој придонес за збогатување на понудата за македонските патници, но сакам да истакнам дека ние со посебен фокус ќе работиме на зголемување на инкаминг туризмот, бидејќи нашата соработка е секако двонасочна и во корист на обете земји.

Изразувам благодарност за поддршката и довербата од страна на тимот на „Нордвинд“ и верувам дека заедно ќе нижеме бројни успеси“ – истакна во своето излагање Ирина Бешлиева – генерален директор на ТА „Атлас плус“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Буџетот за 2022 година „тежи“ 4,4 милијарди евра: Еве за што ќе трошат нашите пари

Редакција

„Тетекс“ ќе дели дивиденда во бруто-износ од 72,2 денари за акција

Редакција

Како ДДВ-то ќе се враќа на граѓаните се уште не се знае

Редакција