еМагазин
Image default
Бизнис

Намален бројот на правни и физички лица на новата Листа на должници на УЈП

На новата Листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавени се 1.767 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3.022 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.763.401.816 денари, помалку за 177.980.272 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.744.503.318 денари (повеќе за 29.623.004 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 70.965.115 денари (помалку за 207.603.276 денари од претходната листа).

Целата листа, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Национални шуми на врвот: Топ 10 должници на новата Листа на должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба

Редакција

„Алкалоид“ планира добивка од 15,3 милиони евра во 2019 година

Редакција

Се проширува опфатот на компании за државна поддршка

Редакција