еМагазин
Image default
Бизнис

АТС Груп го привлече вниманието на посетителите на престижниот саем на одбранбената индустрија во Лондон DSEI 2023

АТС Груп е еден од поголемите изложувачи на DSEI 2023, најзначајниот саем на одбранбената индустријата во Лондон, на кој присуствуваат повеќе од 50.000 посетители, кои можат да видат над 400 изложени борбени возила и воздухоплови како и бродови на воената морнарица по течението на реката Темза, информираат од компанијата.

DSEI Лондон е поддржан од Министерството за одбрана на Велика Британија, а на него се среќаваат производители, државни делегации од над 100 земји, експерти, истражувачи, инвеститори и новинари кои покриваат одбранбени и безбедносни прашања. DSEI 2023 e најзначајното и најголемото издание на овој саем во неговата 24-годишна историја, а оваа година се обработува темата „Постигнување на интегрирана сила“.

Со над 2.800 добавувачи, вклучувајќи ги и главните производители DSEI е врвен хибриден настан од овој тип и е од клучно значење за зближување на владите, вооружените сили и пошироката индустрија. DSEI уште еднаш докажа дека е најважниот меѓународен саем посветен на копнената и на воздушната безбедност.

Изложувачите демонстрираа употреба на дронови, роботи, нови технологии и оклопни возила. Покрај динамичните демонстрации од страна на изложувачите, во текот на целата недела од страна на вооружените сили и безбедносните оддели беше прикажано владеењето со ново развиените технологии.

АТС Груп e единствена македонска компанија која учествува на светски познатите саеми за безбедност.

Компанијата на DSEI 2023 во Лондон ги претстави своите светски познати производи и опрема од областа на балистиката, ги прикажа новите области во кои делува и се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, и со тоа го привлече вниманието на посетителите од сите држави.

АТС Груп со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација составена од три компании, од кои две во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Истите работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, и за кои имаат добиено бројни награди и признанија.

АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност.

Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државното друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор склучи договор со “Ибо под„ вреден 1,8 милиони евра

Редакција

Интернешнел Хотелс во третиот квартал со добивка

Редакција

УЈП по багателни цени продава автомобили, комбиња, пелени за деца, влошки, фарби за коса…

Редакција