еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(АУДИО) „Пукнаа„ пет „бомби“ за Антонио Милошоски

На Јутјуб каналот ГолиТру се објавени пет ауди снимки на кои се слуша гласот на поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзува неговиот татко.

Милошоски во снимките меѓудругото му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не била баш поволна.

Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша на снимките, Милошоски го добива од Вангеловски.

Милошоски зборува со уште еден судија и едно женско лице.

Снимките можете да ги слушнете ОВДЕ.

Неодамна пак Милошоски најпрво во македонското Собрание, а потоа на прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пушти аудио снимки за лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките на Јутјуб за Милошоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Милошоски вели дека „бомбите“ се од времето на Мијалков, на Заев му порача дека ќе го отвори како пупка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози

Редакција

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци во Скопје, Охрид, Куманово…

Редакција

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Се откачи кабина од жичарница, загинаа најмалку 13 лица

Редакција