еМагазин
Image default
Локално

Јавен повик за пријавување штети од невремето во Делчево

Општина Делчево објави јавен повик за пријавување штети од невремето кое го зафати градот на 25-ти овој месец. Граѓаните, како што информираа од Општината, треба да ја пријават настанатата штета до Комисијата за проценка на штети при Општина Делчево.

-Пријавувањето на штета од невремето – пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Делчево. Покрај барањето секој барател треба да достави копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, копија од трансакциска сметка, пријава и изјава за штети, информираа од Општината.

Пријавувањето на штетите, како што посочуваат, ќе трае 10 дена.

-Пријавувањето е најдоцна до 08.07.2022 година, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на телефон 078-705-513 кај лицето Кире Цоневски, претседател на Комисијата за штети, велат од општината.

На тема настанати штети и нивна проценка денеска попладне седница ќе одржи и Советот на Општина Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во невремето кое го зафати Делчево нема повредени, причинета е само материјална штета

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му го демолирал автомобилот со безбол палка

Редакција

Извлечен е автомобилот што падна во Вардар

Редакција

68-годишен велосипедист загина во сообраќајка во Скопје

Редакција