еМагазин
Бизнис

Јавна опомена од Македонската берза за Оранжерии Хамзали од Струмица

На седницата одржана на 23.04.2021 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Оранжерии Хамзали АД Струмица, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради тоа што друштвото не објави јавен повик за свикување собрание на акционери најмалку 30 дена пред денот на одржување на собранието преку СЕИ-Нет, не објави материјали за собрание во рок од два дена од објавата на јавниот повик и ненавремено ги објави одлуките од одржаното собрание, со што не постапи согласно член 39 став 1, 5 и 7 од Правилата за котација, информираат од Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оранжерии Хамзали“ ја зголеми добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел повторно продаде акции на Реплек, Душан и Владимир Пецовски купија

Редакција

Македонијатурист ќе дели дивиденда

Редакција

Странските инвеститори „срамежливо“ го зголемуваат присуството на Македонската берза

Редакција