Јавното претпријатие за државни патишта спроведе постапка за непредвидени работи за санација и рехабилитација на државен пат А1, делница Неготино – Демир Капија.
По објавата на оваа информација на еМагазин, од претпријатието информираат дека постапката е спроведена согласно член 99 став 1 точка 4 од Законот за јавни набавки каде стои:
“За набавка на непредвидени работи како и дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога:
– таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски оделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган”.
Оттаму додаваат дека во став 2 од истиот член стои:
“Вкупната вредност на дополнителните работи, непредвидените работи и вишоците на работи или на дополнителните услуги од ставот 1 точка 4 на овој член не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор”.
Од ЈП за државни патишта укажуваат дека во конкретниот случај согласно погоре цитираните одредби спроведена е постапка со преговарање за непредвидени работи, со изведувачот ГД Гранит АД Скопје, кои непредвидени работи се однесуваат за санација на свлечиште, изработка на слој од миниран камен и демонтажа на еластична ограда по кои преговори е слкучен договор со вкупна вредност од 34.615.160 денари, кои во однос на вредноста на основниот договор искажано во проценти изнесува 11,39%.
„Од погоре изнесеното произлегува дека оваа постапка е спроведена со експлицитна примена на одредбите на Законот за јавни набавки“, велат од претпријатието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ЈП за државни патишта склучи договор со Гранит за непредвидени работи на патот Неготино-Демир Капија