еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Автобуси со неисправни кочници возат низ Скопје

Вчера, (30.08.) во периодот од 10,00 до 14,00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање, документирање и санкционирање на прекршоци во поглед на техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, информираат од МВР.

При акциската контрола контролирани се 110 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз.

При контролите констатирани се неправилности: неисправен уред за кочење, неисправни светлосно сигнални уреди, неисправен уред за управување, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема.

25 возила кои вршат јавен превоз на патници се упатени во станица за технички преглед на дополнителни проверки.

Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно издадени се 15 прекршочни платни налози, 12 возила се исклучени од сообраќај и поднесени се шест барања за поведување на прекршочна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски за набавката на софтверите

Редакција

Долгот за вода може да се плати без камата до 31. јули

Редакција

Од 15 само 7. кандидати во трка за претседател на Македонија

Редакција