Владата донесе одлука за измена во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо досегашното правило за исполнетост до 50 отсто, отсега во автобусите ќе може да се превезуваат патници до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата, информираат од владината прес-служба.
Одлуката на Владата е на предлог на Комисијата за заразни болести.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.