еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Автопатот Атина – Солун поради поплавите сѐ уште затворен за сообраќај

Поради поплавите од претходните денови автопатот Атина –Солун сѐ уште е затворен за сообраќај во двата правци во делот околу Лариса, а според портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, во тек е работа на патот за да може набргу да се отвори, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на состојбата на патната мрежа по невремето „Даниел“, Маринакис рече дека се отворени сите главни патишта меѓу Лариса, Кардица и Трикала, а пуштен е сообраќајот и на релација Трикала-Кардица.

Сообраќајот на автопатот Атина- Солун и во двата правци е во прекин од саботата, а завчера, најавите беа дека ќе бидат потребни најмалку два дена решавање на проблемот со поплавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од дрон ја прикажуваат катастрофата од поплавите во Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора прв изложбен салон во Џевахир Мол Скопје

Редакција

Граѓани продолжуваат да протестираат пред Собранието против „францускиот предлог„

Редакција

Трајковски, сведокот на судењето за убиството на Вања и Панче обвинет за подметнување пожар

Редакција