еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бајден го обвини Путин за „геноцид“ во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден вчера првпат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите по меѓународно ниво.

– Го нареков геноцид, бидејќи стана се појасно и појасно дека (рускиот претседател Владимир) Путин само се обидува да ја избрише идејата дека може да постои Украинец и доказите се зголемуваат.

Но, ќе оставиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали ќе го оквалификуваат така или не, но мене така ми се чини, истакна Бајден.

Тој наведе дека високата инфлација во САД земја е предизвикана од војната што Русија ја води против Украина и посочи дека американскиот Конгрес работи на нејзино намалување.

– Вашиот семеен буџет, способноста да се наполни резервоар за автомобил не треба да зависи од тоа дали еден диктатор од другата страна на светот ќе објави војна и ќе изврши геноцид, посочи Бајден.

Американските политичари избегнуваа да го користат зборот геноцид поради страв дека од нив ќе се бара да интервенираат според меѓународната конвенција за геноцид.

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ски-центрите Маврово и Попова Шапка започнуваат со работа денеска, снежните врнежи ја „задоцнија“ сезоната

Редакција

Што покажаа мерењата на АЕК за нејонизирачко зрачење од 5G технологијата?

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува шест лица, плати до 29.693 денари

Редакција