еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бајден: Израел мора да го елиминира Хамас, но окупацијата на Газа би била „голема грешка“

Секој потег на Израел повторно да го окупира Појасот Газа би бил „голема грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Би-Ес, додека израелските трупи се подготвуваат за копнена инвазија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел

Израел, барајќи одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври и објави војна на милитантната група, започнувајќи немилосрдна кампања за бомбардирање и предупредувајќи повеќе од еден милион луѓе во северниот дел на Газа да се преселат на југ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Израел нападна конвој од бегалци од северна Газа и уби неколку лица, меѓу кои и деца

Запрашан за поддршка на каква било окупација на Газа од американскиот сојузник, Бајден одговори дека „тоа би било голема грешка“.

-Хамас не го претставува целиот палестински народ… Но, инвазијата и протерување на екстремистите е неопходен услов, додаде тој.

На прашањето дали Хамас, кого Бајден го опиша како „куп кукавици“, мора целосно да се елиминира, тој одговори: „Да“.

-Но, треба да има палестинска власт. Треба да постои пат до палестинска држава, продолжи тој, повторувајќи го долгогодишниот повик на САД за решение со две држави.

Американскиот претседател беше запрашан и за тоа дали може да предвиди американски војници да се приклучат на војната.

-Мислам дека тоа не е неопходно. Израел има една од најдобрите борбени сили. Гарантирам дека ќе им обезбедиме се што им треба, одговори Бајден.

САД веќе распоредија два носачи на авиони во источниот Медитеран како дел од изразување поддршка за Израел.

Во нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили.

Одмаздничките напади на Израел во деновите оттогаш срамнија со земја населби и убија најмалку 2.670 луѓе во Газа, најголем дел обични Палестинци.

Израел се соочи со сериозни предупредувања за Газа, хуманитарните групи предупредуваат за хуманитарна катастрофа и се зголемија стравувањата од ескалација на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Најмалку 45 фамилии во Газа останаа без ниту еден член по нападите на Израел

(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија: Украина во старите граници – веќе не постои

Редакција

Владата ќе стипендира 50 странски студенти од Балканот со македонско потекло

Редакција

За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата

Редакција