еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ едвај се усогласи: Израел има право да се брани, ама во согласност со хуманитарните и меѓународните закони

Неколку дена и требаа на Европската Унија за да го усогласи својот став за случувањата во Израел и Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел

Лидерите на Европскиот совет вчера усвоија заедничка изјава со која се дефинира ставот на Унијата во однос на развојот на ситуацијата на Блискиот исток, повикувајќи ги милитантите на Хамас веднаш да ги ослободат заложниците, без никакви услови.

„Европската унија најостро ги осудува Хамас и нивните брутални терористички напади низ Израел, изразувајќи длабоко жалење за загубените животи. Нема оправдување за теророт.

Нагласуваме дека правото на Израел е да се брани во согласност со хуманитарните и меѓународните закони, по ваквите насилни напади.

Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време, во согласност со меѓународното право“, соопшти Европскиот совет.

Покрај тоа, лидерите повторуваат дека е важно да се обезбеди итна хуманитарна помош, и изразуваат подготвеност за продолжување на поддршката за цивилите во Појасот Газа, но притоа таа помош да не ја злоупотребуваат терористичките организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Најмалку 45 фамилии во Газа останаа без ниту еден член по нападите на Израел

(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мукаетов: Регионот има капацитет да оди напред преку заедничко вмрежување, градење и инвестирање

Редакција

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Редакција

Груби сменет од партиска функција, на негово место доаѓа Блерим Беџети: ДУИ со ново претседателство

Редакција