Четирите пријавени македонски креативни проекти: “Coca-Cola Love is always the right way!“ на МекКен Скопје, “The Voice Of The Lake“ на Сачи & Сачи Скопје, “Words have weight“ на ИДЕА Плус Комуникејшн и “EVN Online“ на Публицис Скопје беа избрани меѓу 25-те најдобри регионални проекти во изборот на стручното жири составено од претставници на огласувачи, агенции и новинари од целиот регион кои во петокот се собраа во Сараево за да ги изберат најдобрите од најдобрите во регионот, пренсува порталот marketing365.mk.
Помеѓу пријавени 115 проекти, жирито најпрво направи предселекција на 43 финалисти, а потоа после повеќечасовно дебатирање, анализирање и гласање од нив ги избра следниве 25 проекти како најдобри во целиот регион (подредени по азбучен ред):
#StayClean, McCann Beograd
A1 Lappsus, Bruketa&Žinić&Grey
Art directed by nature, Studio Sonda
Beba bira gde, McCann Beograd
Boranka, Imago Igilvy
Coca-Cola Love is always the right way!, McCann Skopje
EVN Online, Publicis Skopje
Good Night, Intolerance!, Grey Ljubljana
Insta Literary Stories Between the Lines, Grey Ljubljana
Duboko iznad svih, Saatchi&Saatchi Zagreb
Lavovske priče, Ovation BBDO
Minus 33%, BPCS
Ne odričem se, McCann Beograd
Ostajemo di smo, BBDO Zagreb
Prilika života, Señor
Sjetan Božić, Señor
Spomenik neisklesanom tijelu, Imago Ogilvy
The Milk Books, Futura DDB
The Theatre Interpreter, Grey Ljubljana
The Voice Of The Lake, Saatchi&Saatchi Skopje
Untouched by Light, Bruketa&Žinić&Grey
Veliki hrvatski naivci, Señor
Vip mame, Leo Burnett Beograd
Words have weight, IDEA Plus Communications Skopje
Žuja za tate 2, BBDO Zagreb.
Презентацијата на најдобрите 25 проекти, како и специјалните награди за тие со најмногу поени ќе се одржи во петок, 20.09.2019 со почеток од 16:45 на главната сцена во Ровињ, во склоп на Викенд Медиа Фестивалот.