еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Балканот се збогува од Масимо Савиќ: Уметноста и љубовта не спојуваат, политичарите не раздвојуваат

Веста дека починал хрватскиот музичар Масимо Савиќ, еден од најголемите уметници кој се родил на овие простори, го потресе Балканот. На социјалните мрежи се споделуваат неговите прекрасни песни, најголемите музички имиња се збогуваат со него, се слави неговата музика…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Почина пејачот Масимо Савиќ

И за миг прекрасниот Масимо повторно не врати во едни убави и безгрижни времиња, кога сите на Балканот се почитуваа и заедно работеа на својата иднина, која неспособните, лоши, нечовечни и алчни политичари ни ја украдоа и продолжуваат да ни ја крадат.

Не врати во детството, кога се беше толку лесно…

“Видете што ги спојува луѓето од овие простори – уметност и љубов. А политичарите раздвојуваат. Памет во глава. Масимо благодарам за се. Почивај во небеското кралство. Со нас си секако засекогаш, бидејќи уметноста никогаш не умира. Стар Белград денеска е тажен“, стои во еден од коментарите на Јутјуб за една од најубавите песни од времето на Југославија, „Странац у ночи“.

„Сакав да го слушам многу уште како дете, беше извореден уметник и пред своето време„, стои во друг коментар.

Да, Масимо беше пред своето време, во тоа нема дилема. За тоа сведочи и ќе кажува и во иднина неговата музика, која и денеска по поминати децении звучи како да е направена сега.

Почивај во мир, прекрасен човеку, “заувјек чеш бити ту“.

П.С. Насловната фотографија ја позајмивме од неговиот Фејсбук профил. Ја објавил на 7 декември годинава. “Плочата стигна од Скопје. Ви благодарам МКЦ-Скопје што ја чувавте толку децении. Ма, ништо не се променило, сум останал ист, зарем не?“, стои во коментарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтргувани акции на Македонската берза во јануари

Редакција

Ел Чека објави нова „бомба“ со Шекеринска и Бесими за гласање во ДИК за локалните избори во 2013 година

Редакција

Уапсени 18 лица кои не го почитувале полицискиот час, опомени за 74 граѓани

Редакција