еМагазин
Свет

Банката на Англија предвидува пад на БДП на Велика Британија од 14%

Банката на Англија предвидува пад на бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија од 14 отсто, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус, но истовремено ја задржа каматната стапка на рекордно ниски 0.1 процент.

Прогнозата се темели на предвидувањата дека рестриктивните мерки постепено ќе се намалуваат до јуни.

Предвидениот пад на економските активности до 14 отсто за 2020 година претставува најголем пад од 1949 година, од кога Националното биро за статистика на Велика Британија води ваква евиденција.

Во денеска објавената прогноза Банката на Англија соопшти дека британската економија може да опадне за околу 25 проценти во вториот квартал оваа година, по контракција од три проценти во првиот квартал, но потоа ќе започне да расте поради укинување на ограничувањата воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Со два последователни квартали со пад на економијата, што е техничка дефиниција на рецесија, Велика Британија влегува во првата рецесија во последните десет години.

Банката на Англија верува дека економијата во земјата може многу брзо да се опорави, доколку заврши пандемијата во земјата и во странство.

Велика Британија очекува економскиот раст да закрепне во 2021 година со раст од 15 отсто.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Од коронавирусот во Шведска починале 3.000 лица

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана теритoрија, тврди Зеленски

Редакција

Скандал во Германија: Најмалку девет жени жртви на „дрога за силување“ на прославата на партијата на Шолц, присутен бил и германскиот канцелар

Редакција

Данок на богатство за тие кои профитираа во пандемијата, предлага Гутереш, генералниот секретар на ОН

Редакција