еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Банки продаваат спа-центри, хотели, деловни згради, луксузни куќи…

Лускузни куќи и станови, спа-центри, хотели, деловен простор, фабрики… ова се само дел од недвижнините кои се во постапка на присилна наплата од извршители или веќе во сопственост на банките.

Претежно станува збор за имот кој се продава врз основ на хипотеки за издадени кредити.

Комерцијална банка меѓудругото продава деловен простор и спа-центар со вкупна површина од 845 квадрати во објект на ул.Салвадор Аљенде со процената вредност од 788.675 евра.

Стопанска банка Скопје продава дел од станбен комплекс со 5 поединечни згради со вкупна површина од 2.462м2 и земја со површина од 2.671м2 во населба Бардoвци.

Банката продава и деловен простор на 3 ката (адинистративен дел, магацин и изложбен салон) со површина од 1.316м2 и земјиште (со паркинг) во површина од 1.185м2.

НЛБ Банка продава хотел во населба Припор во Скопје.

„Објектот претставува деловен објект изграден во населбата Припор, периферен дел на Скопје, на падините на јужната страна на Водно. Во опкружувањето има доминантно семејни станбени куќи за живеење, помалку куќи за одмор, неколку повеќекатници, хотел. Пошироко има основно училиште, објекти од трговија, спортски терени“, пишува во описот на објектот. 

Станува збор за три згради стан и деловен простор во станбена зградасо вкупна површина од 591 м2 и хотел и гаражасо вкупна површина од 737 м2.

Зграда 1 и зграда 3 претставуваат една градежна и технолошка целина. Подрумот дел е гаражни места, дел е кујна и котлара, на приземје е влезна партија (рецепција) и ресторан, кат 1 се хотелски соби (15 соби), а мансaрдата е во фаза на затворена карабина.

Објектите се армиранобетонска асеизмичка градба. Фасадата е малтерисана со изолација – тип демит, дрвена подконструкција и керамиди како кровен покривач. Во кујна и скали се подни плочки, а во остатокот подот е бетонска кошулица покриена со итисон. Фасадната столарија (прозори и балконски врати) е од ПВЦ со термопан стакло.

Опрема во бања модерна. Внатрешните врати се дрвени, дуплошперувани, фурнирани. Зграда има сопствено греење и климатизација. Моменталната продажна цена изнесува 802.167 евра“, се вели во огласот.

Фото: Комерцијална банка/Стопанска банка Скопје/НЛБ Банка/Home decor

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно сме му потребни на 25-годишниот Марко кој има рак на хранопроводникот

Редакција

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Редакција

Најмалку 40 жртви во Израел по нападот на Хамас

Редакција