еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Барањето на Путин гасот да се плаќа во рубљи, значи раскинување на договорот, оцени германскиот министер за економија Хабек

Германија го критикуваше „раскинувањето на договорот“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската унија.

Таквото барање „значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија, Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин.

– Сега ќе разговараме со нашите европски партнери како ќе одговориме на ова барање, додаде тој.

Владимир Путин во средата рече дека Русија повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за ЕУ, давајќи им на руските власти една недела да изготват нов систем во рубљи.

Рускиот претседател објасни дека тоа е одговор на замрзнувањето на рускиот имот на Запад поради офанзивата во Украина.

Германија е екстремно зависна од рускиот гас, кој сочинува 55 отсто од нејзиниот увоз на гас. Наспроти руската инвазија на Украина, рускиот гас сѐ уште пристигнува во ЕУ. Берлин, сепак сака брзо да ја намали зависноста од рускиот гас, барајќи негови алтернативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на САД очекува епидемијата од коронавирусот да трае 18 месеци

Редакција

Материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија ќе има до 1 септември, велат од МОН

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Арс ламина“ вреден 1,5 милион евра

Редакција