Најдобрата игра за компанијата е заедничката игра на тимот, било тоа да е внатре во канцелариите на компанијата или пак на кошаркарскиот терен. Она што ги раздвижи колегите во македонските компании, но и ги доближи преку заеднички дружења, е дефинитивно Баскет 3×3 бизнис.
„Врати се во игра“ повикаа од „Спорт план“ и понудија забава, дружење и награди на компаниите кои што пријавија свои кошаркарски екипи да се натпреваруваат. Секој кој што е дел од овие натпревари, не ги штеди пофалните зборови и одушевувањето од добрата дружба на терените, далеку од работните обврски во канцеларија. Сите се согласни дека најмногу се дружат со други компании, се забавуваат и опуштаат, но не штедат зборови и за одличната организација.
„Организацијата е прекрасна, буквално има се, и дружба и тензија која што е потребна за натпревар. Можеби не играме професионално, но е подеднакво тешко на терен, не е се така лесно како што изгледа“ – вели Огнен Иваноски од „Solutionade“.
Искуство сподели и Филип Ачковски од „Pharma S“: „Ние сме добра екипа и добри колеги, се дружиме и надвор од работа. Убаво беше тоа друштво да се зачини со малку спорт, да се изгради тимскиот дух којшто и без тоа е висок“.
Играчите од големите фирми како „Алкалоид“ велат дека колегите се ротираат за да се разбуди тимскиот дух и игра во вработените. Некои се со искуство, некои не се, но сите очекуваат успех и победа.
Стефан Блажевски од „Inplayer“ вели дека се пријавиле и за подобар тимбилдинг, но и поради љубов кон кошарката.
„Некои од екипите ни пружија доста голем отпор, а некои од екипите успеавме ние да ги победиме“- раскажува Стефан.
Секој натпревар завршува со пораз или со победа на компаниските кошаркари, но најважното од се е што натпреварувачите од Баскет 3×3 бизнис носат секој со себе по неколку пријателства надвор од салата.
За да се пријавите и вие во оваа тимска синхронизација, посетете ја веб страницатa www.biznisbasket.mk.
Забавата и кошаркарската игра таму ќе ви понуди развој на компанијата. Затоа што колегите секогаш играат заедно за тимот.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА