Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил одгоовори на прашањето дали може по контакт со заболен, прележаните од Ковид-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот.
„Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос.
Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.
Токму затоа и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите. Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста,“ вели тој на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беќаровски за причестувањето: Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин
Фото: Фејсбук/Беќаровски