еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бектеши не знае дали Владата ќе поднесе законски измени за да не покачат платите на функционерите за 78%

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека сите кои сакаат да донираат или да поддржат ранливи категории семејства, тоа не треба да го сторат јавно.

Неговиот став министерот го искажа на прес-конференција со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, прашан околу тоа што во време на криза, Уставниот суд носи одлука каде што се зголемуваат платите на избраните функционери за 78 проценти, па дали Владата ќе поднесе некакви законски измени.

– Сакам многу искрено една работа да кажам. Бидејќи гледам во јавноста излегуваат политичари да се покажат хумани, солидарни и слично, дека ќе донираат процент од платата или по тоа што е зголемено. Тој што сака да донира, да поддржи, не треба тоа да го направи јавно. Секој самиот може да поддржи семејства кои имаат потреба или пак одредени категории на граѓани.

Каква ќе биде одлуката на Владата, јас ќе дадам целосна поддршка. Но, според мене, не би требало да искористиме вакви моменти за да се покажеме многу хумани и да добиеме политички поени. Затоа ќе чекам на одлуката на Владата, што ќе биде колективна одлука на сите како нејзини членови, подвлече Бектеши.

Тој појасни дека бил на пат заедно со претседателот во официјална посета на Република Србија, кога се отворила оваа тема.

– Согласно моите информации и секако, јас сум еден од членовите на Владата, не можам да зборувам во нејзино име на ова прашање, тоа е одлука на Уставен суд и никаква одлука не е донесена од страна на Владата во тој дел и не се опфатени само членовите на Владата, во овој случај министрите, заменик – министрите, но, сите именувани лица. Јас ќе поддржам секаква одлука што ќе ја донесе Владата, нагласи Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

“Од кај имаме пари за 78% повисоки плати?“: Твитер реакции за платите на функционерите

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за неколку часа собра над 20.000 потписи

Редакција

„Секјурити груп сервисис“ го доби тендерот на АЕК за обезбедување имот

Редакција

На актуелните им истекува мандатот во февруари, Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Антикорупциска

Редакција