Оваа сабота се организира „Бела ноќ“ по 17-ти пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје.
Скопје и скопјани ќе имаат можност повторно да бидат дел на едно уникатно културно доживување, на веќе традиционална „Бела ноќ“.
Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.
„Поради состојбата со пандемијата со Ковид-19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година се одржува една недела порано од предвиденото.
Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе започне утре, 25 септември, сабота, во 19 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ,“ се вели во соопштението.
Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.
Повеќе детали околу програмата може да најдете на следниот линк: www.belanok.com.
Фото: Град Скопје