еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, цената на еуросупер БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 61,50, а на еуродизел 52 денара.

Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.

Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за управување со кризи вработува осум лица, плата до 28.309 денари

Редакција

Блок 1 на РЕК Битола нема да работи наредните два дена

Редакција

Со бројните огласи за вработување, во администрацијата се пополнувале испразнетите места, вели Заев

Редакција