еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за 2,5, дизелот за 1,5 денари

Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари за литар, Еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денари, а за денар Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Намалувањето на малопродажбите цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, а 83 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 82 денари, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,976 денари и килограм ќе чини 54,154 денари.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646 проценти или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275 проценти или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 процент или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204 проценти или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223  проценти понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува РКЕ во образложението за новата цена на нафтените деривати. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Редакција

Кривична пријава против синот на Муса Џафери кој физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција

(Видео) Најмалку 22 лица загинаа по уривање на воен авион во Украина

Редакција