еМагазин
Image default
Бизнис

Бензинот и дизелот поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари поскапува „еуросупер 95“ и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на „еуросупер 98“ и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажната цена на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изминатите две недели изнесуваше 70,4 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор со Никоб вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Цветан Панделески избран за претседател на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“

Редакција

„Оранжерии Хамзали“ оствари добивка од 8,1 милиони денари за три месеци

Редакција