еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Bestie истражува: „Зошто менструалната хигиена треба да биде сечиј приоритет?“

Менструалниот циклус не е само уште една индивидуална појава, туку секој месец со него се соочуваат милиони жени ширум светот. И тој е дел од сечиј живот преку искуствата на нашите мајки, партнерки, пријателки и познајнички, но и на некои што и ден-денес немаат соодветни услови за менструална хигиена. Тогаш, зошто не зборуваме малку посериозно на оваа тема?

Во идеални услови, пристап до соодветна нега за менструална хигиена би имале сите жени во светот, без оглед на тоа каде живеат и на која социјална класа ѝ припаѓаат. Реалноста, сепак, ни прикажува поинаква слика…

Дури и во развиените земји, онаму каде што едукацијата не претставува проблем, а производите за менструална грижа се достапни секому, сепак огромен процент од младите девојки не знаат што значи менструалниот циклус пред да им се случи, а голем дел од нив и натаму пропуштаат денови од наставата затоа што немаат пристап до соодветни средства за менструална хигиена. Особено загрижувачки е фактот што и натаму постојат жени што поради недостиг на услови и средства за време на нивните циклуси, мора да користат нехигиенски алтернативи, како што се тоалетна хартија, стара облека и крпи, наместо влошки за менструација.

Позитивно е тоа што нашата заедница постојано раѓа нови движења и иницијативи чија цел е да ја подобрат состојбата во општеството, а прашањето околу менструалната хигиена конечно се материјализира и добива внимание од општеството и од институциите во него. Со пораката #НикогашПовеќеСама, минатата година во повеќе факултети започна да се спроведува иницијативата за менструална правда на dm drogerie markt, чија цел е да ја подигне свеста, но и да обезбеди реално решение за намалување на менструалната сиромаштија кај младите девојки во земјата. Иницијативата започна во октомври 2024 година во соработка со државните универзитети и факултети, Министерството за образование и наука и невладините организации Тиииит! Инк., Здружението на новинари за човекови права и PERIOD Skopje.

Иницијативата започна со донација на повеќе од 200 диспанзери за влошки што dm ги постави во државните универзитети во земјата, кои беа опремени со повеќе од 100 000 влошки за менструација од брендот Jessa. Оваа година, dm продолжи со донација на уште речиси 130 000 влошки што се достапни бесплатно за секоја студентка на која ќе ѝ бидат потребни.

Ваквата соработка помеѓу образовните институции и приватниот сектор предизвика големо внимание за темата, која јавноста ја препозна како интригантна и одамна вредна за дискусија. Темата за менструалната правда најде место и во втората епизода на поткастот на dm „Женски ритам“, со наслов „Менструацијата не е избор“.

Обезбедувањето лесен, непречен и безбеден пристап до производи за менструална хигиена е начин да покажеме дека одиме напред, дека се грижиме за секој член во заедницата и дека сме подготвени да застанеме зад оној на кого му е потребна поддршка. Затоа, крени го гласот и покажи ѝ на секоја една девојка дека нема да биде #НикогашПовеќеСама.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува убавото есенско време, денеска со сонце и температури до 23 степени

Редакција

Телото на Стефановски денеска беше кремирано: Студентите започнале петиција една од зградите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име

Редакција

Безживотното тело на прилепчанката Николоска по која се трагаше е пронајдено во водите на прилепското вештачко езеро

Редакција