Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека согласно последните измени на Статутот на Банката, Управниот одбор на Банката во состав: Хари Костов, претседател и главен извршен директор, Илија Илоски, член и главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, член и главен финансов директор, е проширен со уште двајца нови членови – Билјана Максимовска Поповиќ, член и главен директор за корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски, член и главен директор за продажба и развој.
Двајцата нови членови на Управниот одбор добија согласност од Народната банка на 15.06.2022 година со мандат од две години, велат од Банката.
-Билјана Максимовска Поповиќ има 25 годишно работно искуство во Банката од кое 19 години на раководни позиции во Секторот за кредитирање на стопанство.
Никола Џамбазовски, има 19 години работен стаж во Банката во областа на кредитирање на стопанството и управување со проблематичните побарувања, од кои на раководни позиции последните 12 години, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горан Антевски купи акции во Комерцијална банка
Кој има најмногу акции во Комерцијална банка