еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива

Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата.

Јовановска треба да ја наследи Дритан Беџети од Алтернатива, одлука која поминала на седница на Управниот одбор на Фондот, но, таа треба да биде потврдена од Владата. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника по хируршки болести вработува 21 лице, плата до 27.028 денари

Редакција

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

Редакција

И Горан Антевски, член на НО на Комерцијална купи 100 акции на Банката

Редакција