Работно време на Биохемиската лабораторија во клиниката „Жан Митрев“ е од 7 до 22 часот секој работен ден, а за време на викендите лабораторијата работи од 7 до 19 часот.
„Со ова работно време лабораторијата е секогаш подготвена да одговори на сите прашања и барања за анализи и за време на викедите. Со најсовремени методи на испитување и актуелни европски стандарди како и внатрешна и надворешна контрола на квалитет на работење, таа дава огромен придонес во дијагностицирањето и третманот на инфективните заболувања,“ се вели на фејсбук-страницата на клиниката.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.