Биолошката терапија беше земена на реверс за да не им се прекине терапијата на пациентите, рече поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Нино Васев, пред собраниската Комисија за случајот со Онкологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој дополни дека тендерската постапка за тие лекови веќе била почната, и не е земен реверс без постапка, туку таа доцнела три месеци.
„Ние не смеевме да го загрозиме животот на пациентите кои веќе почнаа да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив. Тука се кршат Хипократовата заклетва заедно со заклетва за правна одговорност на Институтот. Не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма,“ рече Васев.
Во однос на лечењето со физиолошка терапија, Васев изјави дека „тој кој го напишал тоа треба да го докаже, а доколку не е така, да поднесе одговорност.“
За двата пријавени случаи, кога се случила кражба на лекови во дневна болница, кај него пријавиле три сестри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев
„Со главната сестра викнавме служби, беше фатено лицето со лекови на излегување по завршување на смена. Случајот бидејќи не влезе во процедура, по шест месеци лицето беше вратено на работа, но не беше ставено во дневна болница. Беше ставено да работи на одделение без можност да дојде во контакт со лекови. Истото лице, оваа година го повтори делото со новото раководство и е отстрането од работа,“ посочи Васев.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, кој на оваа функција беше од 2017 година до лани, рече дека стручен колегиум во клиниката не се одржал за 10 години, но тој се одржувал постојано кога се правела листа на лекови.
За КАТО системот, оцени дека покажувал слабост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Unsplash