еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисмените до новинарите: Направете го регистарот на професионални онлајн медиуми, ние ќе ве следиме

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во соработка со Стопанската комора во Битола одржаа средба на тема „Соработка помеѓу новинарите и локалната бизнис заедница преку создавање на професионални онлајн медиуми”.

На средбата учествувале новинари, медиумски сопственици, како и претставници на бизнис заедницата, а се разговарало за создавање регистар на професионални онлајн медиуми.

Регистарот се очекува да биде подготвен во текот на идниот месец, а треба да служи за да и помогне на јавноста, но и на бизнис заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми се професионални, се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум.

Преку овие средби ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора сакаат да дојдат до најквалитетните решенија кои ќе доведат до поголема професионализација на новинарството и ќе придонесат за промоција на саморегулацијата во медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека овој Регистар ќе придонесе да се подобри кредибилитетот на професионалните медиуми, да се препознаат оние кои ги почитуваат стандардите и оние кои се главни прекршители.

Претставничката на СЕММ, Катарина Синадиновска, соопшти ЗНМ, посочила дека процесот ќе придонесе за непрофесионалните портали да станат и нерелевантни.

– Можеби дел од нив ќе продолжат да постојат, но јавноста ќе знае дека тоа што го пишуваат мора да се зема со резерва, изјави Синадиновска.

Претставничката на Стопанската комора за Пелагонискиот регион, Ирена Јакимовска, поддржана од присутните бизнисмени, порачала дека регистарот е вистински чекор во интерес и на бизнис заедницата и дека тие како стопанственици ќе го следат како водич во корпоративните политики кон медиумите.

Оваа активност е поддржана и од Стопанската комора на Македонија и е предвидена во Меморандумот за соработка, претходно потпишан помеѓу ЗНМ и Комората. Оттаму, на средбата присуствуваа новинари од повеќе редакции од Битола и Прилеп, како и претставници од фирмите Бимилк, Мермерен комбинат, Витаминка, Комфи ангел, Тутунски комбинат.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чадиковски: Се подготвува Регистар на професионални онлајн медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се носителите на листи на Левица за парламентарните избори

Редакција

Директорката на тетовската гимназијата во полиција пријавила дека две лица ја повикале во Општината и побарале да даде оставка

Редакција

Владата работи на нов закон за здруженија и фондации

Редакција