еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 поднел 40 кривични пријави за функционери и бизнисмени: Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот

„Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот.

Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела“, стои во писмото на Бојан Јовановски-Боки 13, кое пред јавноста го прочита неговиот адвокат Сашо Дукоски.

„Во месец ноември 2019 година побарав да бидам изведен пред јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, но бев грубо и дискриминирачки одбиен преку негови изјави за медиумите, со што го доведе во прашање својот професионален и личен интегритет и дигнитет, бидејќи покажа селективност, предрасуди и исклучителна непрофесионалност делејќи и лични квалификации за мене,“ се додава во писмото.

Јовановски бара и мониторинг од меѓународните институции и амбасадите во Македонија, бидејќи според напишаното во писмото, немал доверба во јавнообвинителскиот систем во Македонија.

Се жали и дека побарал уште минатата година да ги поднесе кривичните, но бил одбиен од републичкиот јавен обвинител.

Тој денеска поднел 40 кривични пријави за дела, меѓу кои и обид за убиство, злосторничко здружување, изборна измама, тендерски местења, шпионажа.

Дел од нив се поврзани со случаите „Рекет“ и “Меѓународен сојуз“, но и за кривични дела за кои јавноста не е запознаена, а Боки 13 тврди дека бил директен сведок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Бомба“ од домот на Боки13, на гости му се Шекеринска и Катица Јанева

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Фото: Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коробкина за „еМагазин.мк“: Какви сервисни лидери се потребни, за да се мотивираат вработените во исполнување на деловните цели

Редакција

Абази се откажа од местото во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, оти таму сопругата му е на обука

Редакција

Пресуда за „Тортура” на 17 јуни

Редакција