еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 се оперирал но не платил, „Аџибадем Систина“ преку суд бара 10.000 евра

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“ се оперирал во приватната болница „Аџибадем Систина“, но не платил, па затоа болницата преку суд си бара 10.000 евра.

Најверојатно станува збор за операција на желудникот, поради што, Боки 13 честопати од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари го носат на болнички прегледи.

Денешното рочиште за долгот на Боки 13, кој се уште е во притвор за „Рекет“ се одложи, бидејќи адвокатот му го откажал полномоштвото. Следното рочиште е закажано за 20 декември.

Адвокат на Боки 13 во случајот „Рекет“ му е Сашо Дукоски.

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациентот кој се самоуби бил под психијатриска обсервација: Детали од ГОБ „8 ми Септември“

Редакција

За инцидентот со македонскиот уметник Андреевски во Солун, МНР ги алармираше грчките власти, а грчката амбасадорка е повикана на разговор

Редакција

Владата „крчка“ нов закон: УБК се реформира, ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање

Редакција