Од денеска стапува на сила законското решение според кое во платниот промет, во кеш ќе може да се плаќа само до 500 евра во денарска против вредност.
Од Министерството за финансии посочија дека оваа мерка се воведува со цел да се намали сивата економија.
“Клучно е дека оваа мерка се спроведува со цел да се намали сивата економија и затоа што со плаќање на црно, практично се прави штета на граѓаните. Заради тоа ние превзедовме мерка за спуштање на лимитот за плаќање во кеш и таа мерка се спроведува од порано, бидејќи првиот лимит беше на 2.000 евра и успешно се реализира, потоа од 1 јануари годинава лимитот беше спуштен на 1.000 евра, а сега ќе биде до 500 евра.
Во Законот јасно е нагласено дека од 2.000 евра лимитот ќе го спуштаме на 1.000 евра и ќе застанеме на 500 евра. Тоа е добро, бидејќи тоа е борба против сивата економија и против плаќањата кои не се пријавени и не се оданочени“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Дел од бизнисмените не се согласуваат со оваа мерка, затоа што сметаат дека нема да ја намали, туку ќе ја поттикне сивата економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најзагрозени фирми: Од утре плаќање во кеш само за сума до 500 евра