еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Божествена литургија на врвот на Крчин

Трета година по ред братството од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирите од Рајчица и Пречиста предводени од игуменот архимандрит Партениј отслужија Божествена литургија на врвот Крчин којшто се наоѓа на надморска височина од 2.341 м.

– Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно со сите присутни споделивме ретко и благословено искуство да присуствуваме на необичната богослужба, која според неодамна востановената традиција, на самиот врв ја служат јеромонаси и јероѓакони од нашето манастирско братство, велат од Бигорскиот манастир.

На ова место, некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

– Во присуство на повеќе од 350 верници, планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да Му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. Оти, навистина голем е подвигот човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв, и таму во близина на остатоците од некогашниот храм посветен на Преображението Христово, да Му служи Нему во таинствено и длабоко созерцание, на богослужба која како да се одвива на небесата, додаваат од Бигорскиот манастир.

Годинава, за првпат за безбедноста на сите присутни се грижеше Единицата за спасување на планини и непристапни терени од Црвениот крст од Охрид, а имаше и лиценцираните водичи од Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

На врвот Крчин, во 2016 година, за првпат по 80 години монашкото братство на Бигорскиот манастир и сестрите од манастриот „Свети Георгиј Победоносец“ од Рајчица отслужија литургијата во чест на Господовото Преображение.

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на Западна Македонија. Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

МИА/Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Редакција

A1 Македонија одбележува една година од воведувањето на новиот бренд

Редакција

(Фото) Mакедонската култура претставена во Кралскиот колеџ во Лондон

Редакција