еМагазин
Image default
Бизнис

Брако: Единствени сме што произведуваме медицинска опрема во земјава

ВМРО ДПМНЕ наместо да се занимава со суштински работи за државата, да ги остави приватните македонски компании да функционираат нормално на пазарот. Ниту сме дел од политиката, ниту ќе бидеме како компанија, а тоа го докажавме изминатите години, се посочува во реакцијата на компанијата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека „Брако“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, незаконски го добила тендерот за снабдување со медицинска опрема во јануари годинава на психијатарската болница „Негорци” од Гевгелија, бидејќи постои судир на интереси.

Од Брако, појаснуваат дека нивна основна дејност е производство на жичени и лимено-цевкасти производи, медицински мебел и помагала и телекомуникациската опрема и дека се единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе.

Од 2009 година кога воспоставиле соработка со шведската компанија RoMedic, член на групацијата Handicare, медицинската програма станала суштински дел од нивното производство и вклучува производство на медицински помагала и мебел.

– Специјализираната намена и одличниот квалитетот на изработката од оваа програма, придонесе компанијата и брендот да станат препознатливи на многу пазари како на Балканскиот полуостров така и во Европа. Медицинските установи во земјава од јавното и од приватното здравство, исто така, со години се опремуваат со медицински мебел произведен во Брако. Во законските постапки за Барање за прибирање понуди за медицински мебел спроведени од здравствени институции во земјава учествуваше и Брако и во некои од нив, поради најниската понудена цена, беше и избран за најдобар понудувач. Овие договори беа склучени во јануари 2018 година, подвлекуваат од „Брако“.

Како специјализирана компанија за производство на жичени и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи и телекомуникациската опрема, Брако, се посочува, дури 96 отсто од целосното производство го извезува во 19 држави.

Фото: Брако

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја разгледува можноста за воведување на дигитален денар

Редакција

„Артпицк“ го доби тендерот на Владата за услуги од авторска агенција вреден 243.000 евра

Редакција

(ФОТО) Струга нема да остане „црна овца“, вели Мерко по започнување на рушењето на платформите на езерото

Редакција