еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

Бранко и Љубчо се единственитe живи потписници на Рамковниот договор

На 13 август пред седумнаесет години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот воен конфликт во Република Македонија во 2001 година.

Преговорите за дефинирање на содржината на Рамковниот договор се одвиваа во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001 година

Преговорите траеа речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на Македонија, Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП и Арбен Џафери, претседател на ДПА, како и претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.

Преговорите се одвиваа паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишаа:

-Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

-Имер Имери, претседател на ПДП

-Борис Трајковски, претседател на Република Македонија

-Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ и

-Арбен Џафери, претседател на ДПА.

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници:

-Франсоа Леотар, претставник на ЕУ

-Џејмс Пердју, претставник на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.063

Редакција

312 од 1.688 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција