еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Браво: Наместо за прослава, Општина Кочани парите за 8. Март ќе ги даде за помош на жена-мајка

Наместо прослава и трошење финансиски средства за подароци, Општина Кочани годинава парите по повод 8 Март ќе ги намени за помош на жена-мајка.

Иницијативата ја дадоа членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на последната седница на која, меѓу другото, се определуваа и соодветни активности за одбележување на Меѓународниот ден на жената. Заклучокот од седницата беше доставен до градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, а од неговиот кабинет потврдија дека предлогот е прифатен.

– Сметам дека на Меѓународниот ден на жената треба да приоѓаме како можност и поттик за остварување на правата. Општина Кочани работи континуирано на планот на родовата еднаквост со примена на различни мерки и активности, a годинава воведуваме пракса за директна парична помош на жена, истакна градоначалникот Илијев.

Службениците од општинската администрација кои работат со социјални категории, како и ангажираните лица во проектот „Домашна посета“, што се реализира на подрачјето на општината, заедно со Комисијата за еднакви можности, дополнително ќе го утврдат лицето кое ќе ја добие оваа помош.

Поради законската регулатива што важи во предизборниот период, целата постапка ќе се реализира по завршувањето на изборите.

МИА/Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РФМ со донација за борбата против коронавирусот, нема да користи ни државна помош за плати

Редакција

„Виз ер“ за Black Friday нуди 30% намалување на цените на картите на одбраните летови

Редакција

(Фото) „Нептун“ отвора нов продажен салон во Ист Гејт Мол

Редакција