еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Брисел ја поздрави одлуката на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

Оливер Вархеји, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на „Твитер“ ја поздравија денешната одлука на Собранието за заклучоците за францускиот предлог.

Еврокомесарот за проширување, Вархеји напиша дека го поздравува гласањето во Собранието, што на Владата и дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог.

-Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција, напиша Вархеји.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен честиташе за одлуката на Собранието и порача дека се овозможени условите за брзо отворање на пристапните преговори.

-Ова беше историска можност и вие ја искористивте, пишува Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека денешното гласање го поплочува патот за одржување на Меѓувладина конференција идната недела.

-Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце, напиша Мишел на Твитер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миле Зечевиќ останува во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

(ВИДЕО) Кина во среде пандемија со Ковид-19 сака да му ја одземе автономијата на Хонг Конг

Редакција

Нови 1.394 случаи на Ковид-19 од 4.920 тестирања

Редакција