еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Струга е затворена фабрика за производство на канабис за медицински цели и спречено е производство на дрога вредна пет милиони евра.

Акцијата е спроведена вчера во објект во селото Дрслаица во Општина Струга.

– При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице).

Исто така пронајдени се 3.442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4.304 растенија, соопшти МВР.

При извршената контрола пронајдени се уште 1.007 растенија канабис и расад со растенија канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис.

Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење.

– Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги.

Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени, се наведува во соопштението.

Од страна на СВР Охрид до Основното јавно обвинителство во Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од Законот за контрола на опојни дроги и од Кривичниот законик.

Според експертите од Министерството за здравство, доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, би се добиле околу 2,5 тони канабис кои доколку би се продале на црниот пазар, би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.

Два дена по ред, МВР во координација со Министерството за здравство презема мерки за спречување на недозволената трговија со дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биљана Ангелова избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Зеленски официјално потпиша барање Украина да биде членка на ЕУ

Редакција

Власта и опозицијата во Охрид воздржани за спасување на човечки животи: Да „нацртаме“ што претставува Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид

Редакција