еМагазин
Image default
Локално

Британец со автомобил удрил во велосипедист во Скопје

Британец синоќа возејќи автомобил „мицибуши“ удрил велосипедист на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје по што повредениот велосипедист е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и задржан на лекување.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 20:15 часот кога 51-годишниот Џ.П. од Велика Британија со место на живеење во Бугарија удрил во 39-годишниот М.П.

Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Украдена шолја од јавен тоалет во Штип

Редакција

Кои се најдобрите супермаркети во Скопје

Редакција

39-годишна жена загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Редакција