еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје.

На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб.

„Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица.

За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.

До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан,“ информираат од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трагедија вечерва во Тетово: Страотен пожар во ковид-центарот, има и жртви

Најмалку десет лица починаа во пожарот кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово

Веста за пожарот во кој изгоре ковид-центарот во Тетово топ тема во регионов, Србија нуди помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Твитер календар за 2019: Секси и со вкус

Редакција

Двајца поранешни владини функционери под истрага за злоупотреба на службена положба

Редакција

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Редакција