еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Буџетот оштетен за околу половина милион евра: Финансиска полиција поднесе кривична пријава за тројца вработени во ЈСП

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии.

– Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28.065.476 денари, се наведува во соопштението на Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На македонски државајнин кој уби две сестри во Тирана, му се заканува доживотен затвор

Редакција

Заев им нуди на ВМРО-ДПМНЕ заедно да прават влада

Редакција

Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот

Редакција