еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарија да учи од Хрватска како треба да ги третира Македонците и другите малцинства

Завчера во Загреб во католичка Хрватска беше осветена првата македонска православна црква, „Св. Злата Мегленска“, а на свеченоста присуствуваше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Осветена првата македонска православна црква во Хрватска, „Св. Злата Мегленска“

Тој го изрази своето задоволство што беше присутен на, како што кажа, „големата свеченост, од вистински историски карактер за македонското малцинство во Хрватска“.

-Навистина сум лично почестен, но пред се ова го гледам како почит кон целата влада и многубројните луѓе кои сесрдно, со разбирање, почит, отвореност и искрена желба ги поддржаа Македонците во Хрватска, како и сите национални малцинства, затоа што тоа е добро за нашите општества, за културата на инклузивност и особено за положбата на Хрватите во сите соседни земји, рече меѓудругото Пленковиќ.

Македонците се едни од 22. малцинства кои се наведени и во хрватскиот Устав. Според последниот попис од 2011 година во Хрватска, претежно во Загреб, живеат 4.138 Македонци.

Во хрватскиот Устав се наведени и Бугарите, иако нивниот број е само 350.

Нашите источни соседи кои се исто така членка на Европската Унија, за разлика од Хрватска велат дека не постојат Македонци и со децении систематски државата го спречува нивното организирање во Бугарија.

Иако Македонците кои живеат во Бугарија токму на таа основа добија неколку пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во своја корист, а Советот на Европа постојано ја повикува државата да ги спроведува, таму не се менува ништо на подобро, не само за Македонците, туку и за другите малцинства.

Апсурдно, Бугарија ги обвинува другите земји дека не ги почитувале правата на нивното малцинство.

Дека Бугарија има сериозен проблем со почитување на правата на малцинствата покажа и деновиве објавениот Извештајот за човековите права во 2022 година на бугарскиот Хелсиншки комитет, каде меѓудругото со факти се објаснува и како на сите нивоа се спречува организирањето на Македонците во Бугарија.

Бугарија и те како има што да научи од Хрватска, ако сака да биде демократска држава во која се почитуваат вистински европските вредности и основните човекови права.

МИА/Фото: Твитер/Пленковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврден 41 нов случај: Вкупната бројка заразени од корона вирусот 1.367 лица

Редакција

Мерцедесот се запалил во движење: Детали од МВР за запалениот автомобил на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков

Редакција

Адора Инженеринг: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Редакција