еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија не сакала да се меша во внатрешните работи на Македонија, вели техничкиот премиер Донев

Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ.

Донев, како што пренесе БТА, потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права.

Според него, нормално е Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто не е само кон Бугарија, туку кон сите земји членки на ЕУ.

– Затоа што Република Северна Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки, рече Донев.

На прашањето дали Бугарија треба да стави повторно вето на Македонија за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение, туку треба да се бара позитивен дијалог и патишта за да се приближат позициите.

– Бидејќи Република Северна Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата, изјави Донев.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков пред неколку дена на брифинг за новинари појаснил дека „процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија“, но, притоа нагласил дека „Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Северна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милков бара и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени

Во средата, тој на брифинг со новинари, како што пренесе БНР, кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, на што македонското МНР истиот ден експресно излезе со реакција, потенцирајќи дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија.

Вчера и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски потенцираа дека уставните измени се внатрешно прашање на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни окупатори не упатуваат такви барања, вели Пендаровски за желбата на Бугарија да биде дел од процесот за уставни измени

Најчевска за барањето на Бугарија да биде дел од процесот за уставните измени: Поголем доказ за територијални претензии кон Македонија нема

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата и натаму нејасна – гасот певтин, а ние го купуваме по фиксна и поскапа цена

Редакција

Собраниската комисија за контрола над Агенцијата за национална безбедност треба да расправа за случајот „Онишченко“ и дојавите за бомби

Редакција

Сертификатот за прележан Ковид-19, наместо досегашните 45, ќе трае 180 дена

Редакција