еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ни окупатори не упатуваат такви барања, вели Пендаровски за желбата на Бугарија да биде дел од процесот за уставни измени

Претседателот Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето од страна на Софија  да учествува во процесот на уставни измени на земјава, откако бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера кажа дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија, по што македонското МНР излезе со реакција дека дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на земјава, кое како обврска е поврзано со пристапните преговори за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милков бара и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени

-Барањето од Софија е скандалозно. Такви барања не упатуваат ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите кои ги окупираат. Во 21-ви век е апсурдно непримерено да барате да се мешате во внатрешните политички и уставно-правни процеси на која било држава. И мислам дека во таа смила нашиот одговор преку МНР вчера беше на место, дециден е Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставните измени се внатрешно парашање на Македонија, одговори МНР на барањата на Милков

Во одговор на новинарско прашање, вели дека концептот околу мнозинства и малцинства во Македонија е надминат, таа дебата е надмината и завршена со Рамковниот договор во 2001 година.

-И во поранешна Југославија никогаш не сме употребувале термин „национални малцинства“ туку имаше „народи“ и „народности“. Зошто? За да не навредиме никого кој живее тука а е како бројка помалку од мнозинскиот народ. Мислам дека тоа е депласирана дебата и не треба да губиме време за тоа, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали номинира претставник во работната група за измени на Уставот, вели дека професорот од Правниот факултет, Александар Спасовски, кој е негов правен советник, ќе биде дел од таа работна експертска група.

– Формално пуштивме одговор, меѓутоа добивме писмено барање од министерот за правда, веројатно денеска или утре, деновиве ќе пратиме одговор, меѓутоа професорот од Правниот факултет, Александар Спасовски, кој е мој правен советник и ќе биде дел од таа работна експертска група, кажа Пендаровски.

Во однос на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за лидерска средба и дали тој ќе ја организира, кажа дека тој во принцип секогаш ги реализирал тие средби, доколку има согласност од двете претпоставени страни.

-До овој момент за хрватскиот предлог нема согласност од другите претпоставени страни, нагласи Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска за барањето на Бугарија да биде дел од процесот за уставните измени: Поголем доказ за територијални претензии кон Македонија нема

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 100 полициски службеници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на границата со Грција

Редакција

Бранко Грегановиќ ќе ја води НЛБ Банка Скопје: Што пишува во неговата биографија

Редакција

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Редакција