еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарија повторно на погрешната страна на историјата

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев (уште еднаш ЕВРОПРАТЕНИК), од владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, јавно се потсмева со големиот македонски празник 11 Октомври и сите македонски борци кои го загубија својот живот во борбата против фашизмот и го сведе на убиство на Бугарин од страна на Србин.

„Србин убива Бугарин, татко на три деца и родина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, напиша Ковачев на Фејсбук, револтиран од честитката за празникот на македонскиот премиер Зоран Заев, која ја нарече провокација.

Истиот тој ЕВРОПРАТЕНИК заборави да каже дека востанието против фашизмот во Македонија во Прилеп го започна партизански одред кој се викал „Гоце Делчев“, македонскиот револционер кој е нов камен на сопнување во односите помеѓу Македонија и Бугарија.

Бугарија не само што сака со уцени, а не со историски факти, да присвои речи се што е дел од македонската историја, а богами и од словенската, туку сака и да ја смени историјата која со научни факти сведочи дека Бугарија во време на Втората светска војна ја избрала погрешната страна на историјата и кумувала со германските фашисти.

Тоа не го пишува само во македонските учебници по историја, туку и во грчките, српските…

Што не се обиде на пр. да го смени тој факт во грчките учебници или да го „избрише“ од тамошните споменици?

Нема зошто за тоа погрешна одлука да ни се лутат на нас, туку еве нека го земат примерот на Германија и да им се извинат за злоделата од тој период на сите балкански земји кои ги окупирале во тоа време. Тоа е најмалку што можат да направат.

Германија никогаш не бегала од својата фашистичка историја и затоа е таму каде што е.

Дека Бугарија повторно е на погрешната страна на историјата вчера навести и Заев (не дека не знаевме), кој изјави дека неодамнешните разговори меѓу бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева и нејзиниот македонски колега Бујар Османи не поминале баш добро.

“Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту е најмалку европско. И ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември, изјави Заев.

Народски кажано тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот кон Европската Унија уште на старт, а што се ќе ни „сервира“ кога еден ден ќе ги почнеме преговорите можете само да претпоставите.

Толку од добрососедството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата евроинтеграција, вели Димитров

Ако Бугарија не го промени ставот, преговорите со ЕУ може да не почнат, вели Заев

За бугарскиот европратеник Ковачев на 11 Октомври, Србин убил Бугарин, родина на Даме Груев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети: ДУИ избра 16 секретари на секретаријати

Редакција

Распродаден целиот тираж од новата книга на Никола Груевски

Редакција

Бугарското МНР ќе ѝ врачи протестна нота на македонската амбасадорка Поповска за нападот врз секретарот на „Цар Борис Трети“

Редакција