еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По излегувањето на Трифонов, Бугарија пред нова, малцинска влада или предвремени избори

Бугарски социолози и коментатори јавно ги изразија своите очекувања за тоа како ќе се развива политичката ситуација во земјата откако лидерот „Има таков народ“, Слави Трифонов, вчера најави дека ќе ги повлече своите министри од владејачката коалиција.

За тиражниот софиски весник „24 часа“, социологот Геновева Петрова од Алфа Рисрч, изјави дека потегот на Слави Трифонов во голема мера беше предвиден, истакнувајќи дека партијата „Има таков народ“ е еден од главните елементи на нестабилноста во бугарската владејачка коалиција.

Како што пренесе дописникот на МИА од Софија, Петрова смета дека партијата „Има таков народ“  е во коренот на внатрешните контроверзии во бугарската владејачка коалиција во последните недели околу изборот на гувернер на Народната банка на земјата, желбата да се зголемат парите за одржување на патиштата, министер за регионален развој, Гроздан Караѓов побара 1,750 милијарди евра за ребаланс на бугарскиот буџет, за кој се разговараше вчера на владиниот состанок, а е и поддржувач на ветото за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Таа сугерира дека бугарската малцинска влада ќе биде новата парламентарна конфигурација. Тоа ќе биде поврзано со префрлање на актуелните проблеми во Народното собрание, кои ја попречуваа актуелната владејачка коалиција.

Според неа, ќе бидеме сведоци на тешки разговори, стискање раце, ултиматуми и политички „замки“.

Според Петрова, формирањето на малцинската влада ќе биде привремено решение.

Според политикологот на „Тренд“, Димитар Ганев, постојат три опции за развој на политичката ситуација во Бугарија.

Првата опција е поврзана со недостигот од 11 пратеници, кој мора да се надомести со 11 нови пратеници или дел од распуштање на пратеничка група.

Втората опција е да се формира нова влада во рамките на овој бугарски Парламент со уште еден премиер и други поддржувачки партии од трите партии, кои според бугарскиот Устав имаат право да учествуваат во добивањето мандат за негово формирање.

Според Ганев, третата опција е да се оди на предвремени парламентарни избори во септември, на кои, според досегашните анкети, ГЕРБ би била прва политичка сила, но рано е да се каже што ќе предложи владата.

Клучна улога, смета тој, ќе има претседателот на Бугарија Румен Радев, кој ќе треба да формира преодна влада за да се подготви за изборите.

Според Ганев, идната владејачка коалиција би била многу шаренолика, со неколку партии.

Социолозите во Бугарија стравуваат дека во новиот парламент ќе влезат претставници на проруски партии, изјави политикологот Милен Љубенов за еден од локалните електронски медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По излегувањето на “Има таков народ“, Петков најави дека ќе води малцинска влада

Ќе падне ли бугарската Влада: Партијата на Трифонов ги повлекува своите министри, една од причините Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Допрва ни се закануваат поекстремни временски услови, како резултат на климатските промени

Редакција

(Видео) Ќе остане незаборавна во улогата на Делфина: Почина актерката Неда Арнериќ

Редакција

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Редакција